Како да ги подготвите поголемите деца за доаѓањето на нов член во семејството?
Доаѓањето на нов член во семејството е проследено со радост, возбуда, среќа, но и со предизвик, неизвесност и со загриженост како ќе го прифати бебето поголемото дете.
Крв во урината кај децата, позната и како хематурија, е состојба која предизвикува загриженост, страв и паника кај родителите. Оваа појава може да биде видлива (макрохематурија) или да се открие само преку микроскопска анализа (микрохематурија).
За тоа што треба да знаете за оваа состојба, кои се причините и симптомите, како се открива и како се лекува „Мама не си сама“ побара одговори од детскиот нефролог доц. д-р Надица Ристоска-Бојковска од клиничката болница „Аџибадем систина“.
Асимптоматска микроскопска хематурија е присутна кај 0,5 - 2% од децата на училишна возраст, потенцира д-р Ристоска-Бојковска, детски нефролог.
Црвената боја во урината може да е присутна и во други ситуации
Докторката објаснува дека урината може да има црвена боја не само при хематурија, туку и во следниве ситуации:
Причини за хематурија во детската возраст
Според д-р Ристоска-Бојковска, повеќе причини можат да предизвикаат хематурија, односно појава на крв во урината:

Кои се симптомите?
Детскиот нефролог за „Мама не си сама“ посочува дека симптомите кои најчесто ги опишуваат децата се: печење при мокрење и често мокрење, како и тегоби на почетокот и при крајот на мокрењето.
Како се дијагностицира?
Доктор Надица Ристоска-Бојковска објаснува кои иследувања се потребни за да се дијагностицира хематурија (крв во урината).
Како се лекува хематуријата (крв во урина)?
Начинот на лекување зависи од причината која довела до крв во урината, потенцира д-р Надица Ристоска-Бојковска и објаснува дека се потребни добра анамнеза, преглед и навремени иследувања, кои ќе помогнат да се открие причината и да се започне со терапија. Секое дете со перзистентна макроскопска хематурија треба да се хоспитализира за да се иследи и да се утврди точната причина за тоа.
Ако станува збор за акутен постстрептококов гломерулонефрит, тој најчесто се јавува кај децата на училишна возраст кои прележале инфекција на грлото или на кожата со бета-хемолитичен стрептокок и се карактеризира со акутен нефритичен синдром: макроскопска хематурија, отоци (едеми), покачен притисок (хипертензија) и намалено мокрење (олигурија). Ако дијагнозата се постави навреме, веднаш се започнува со лекување. Прогнозата на заболувањето е добра: повеќе од 95 % од децата оздравуваат без напредување на болеста со хронични промени во бубрезите, објаснува детскиот нефролог.
Доаѓањето на нов член во семејството е проследено со радост, возбуда, среќа, но и со предизвик, неизвесност и со загриженост како ќе го прифати бебето поголемото дете.
Одморот со дете може да биде прекрасно искуство ако сте добро подготвени. Со правилно спакувани лекови, консултација со стручно лице и со заштита од сонце ќе имате помалку грижи, а повеќе уживање
Она што секој родител треба да го знае е како да му даде помош на сопственото дете додека не стигне до лекарска помош