Жолтица кај новороденчињата: што треба да знае секој родител?

Неонаталната жолтица е честа појава кај новороденчињата, а се манифестира со жолтеникава боја на кожата и на белките на очите. Таа настанува поради зголеменото ниво на билирубин во крвта, супстанција која се создава при распаѓањето на црвените крвни клетки. Обично почнува од главата и се шири надолу кон екстремитетите, за „Мама не си сама“ објаснува д-р Љуљета Беќири, специјалист по педијатрија во ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.

Кај новороденчињата црниот дроб сè уште не е целосно зрел и не може доволно бргу да го обработи билирубинот. Како резултат на тоа, тој се таложи во организмот и предизвикува жолтеникава пребоеност. Жолтицата обично се појавува 2-3 дена по раѓањето и во најголем број случаи е безопасна и привремена. Генерално, неонаталната жолтица не бара никаков третман, меѓутоа ако концентрациите на билирубин во крвта се зголемуваат над нормалните вредности, треба да се третира бидејќи може да предизвика невролошки оштетувања (керниктерус). Многу е важно да се стимулираат мајките за доење, особено при пројава на жолтица. Поради големата застапеност на неонаталната жолтица, важно е да се обработат и да се земат предвид сите ризик-фактори кај мајката и кај новороденото, како што се телесната тежина на новороденото, гестациската старост, рано прснатиот воденик, инфекциите или другите болести кај мајката, крвната група, Rh-факторот и недостигот на глукозо-6-фосфат дехидрогеназа, вели педијатарот.

Видови неонатална жолтица

Во зависност од причинителот, постојат повеќе видови неонатална жолтица, посочува д-р Беќири.

  • Физиолошка жолтица обично се јавува во првите 24 до 48 часа по раѓањето, а врвот го достигнува петтиот ден по раѓањето кај терминските, а седмиот ден кај предвремено родените, исчезнува до втората недела од животот и обично не бара никаков третман.
  • Патолошка жолтица, состојба при која концентрациите на билирубин се зголемени над нормално дозволените вредности во првите 24 часа и која трае повеќе од две недели, со зголемување на концентрациите на конјугиран билирубин, кој предизвикува појава на темна урина.
  • Хемоличка жолтица, односно хемолитичка болест кај новороденото, настанува поради ABO- или RH-инкопатибилија, дефицитна глукоза-6-фосфат дехидрогеназа или поради инкопатибилија на минорните крвни групи. Се карактеризира со значителна жолтица 24 часа по раѓањето и со потреба од интензивна фототерапија или ексанвинотрансфузија.
  • Лактациска жолтица – новородените кои се на ексклузивно доење може да пројават жолтица со високи вредности на серумскиот билирубин, поради што е потребно новороденото да не се дои до намалување на вредностите, а потоа повторно да се продолжи со доењето.

 

Како се третира неонаталната жолтица?

Според педијатарот д-р Љуљета Беќири, клинички жолтицата се проценува според Крамер на убава дневна светлина и преку биохемиските испитувања билиметар или транскутан билинометар. Неонаталната хипербилирубинемија се третира со фототерапија, која може да биде конвенционална или интензивна, со ексангвинотрансфузија како инвазивна метода преку која се елиминираат сензибилизираните антитела на мајката од крвта на новороденото, како и со билирубинот, фармаколошки третман со давање фенобарбитон или интравенски имуноглобилини и металпорфирини, кои се во еспериментална фаза.

Важно е да се спомeне дека со добро водење на бременоста, правење соодветни скринизи, одредување на крвните групи кај двајцата родители, профилакса со Rh(D)immunoglobulin (RhoGAM), како и со обновување на знаењата на медицинскиот персонал и на условите во медицинските установи, хипербилирунемиите успешно се третираат со конзервативен третман, со исклучително ретка потреба од поинвазивни методи како што е ексангвинотрансфузијата – потенцира докторката.

Рефлукс кај доенчињата: безопасна фаза или потреба од третман?

Регургитацијата, или популарно наречена блуцкање, е честа појава кај доенчињата. Многу родители се загрижуваат кога ќе забележат дека нивното бебе го враќа млекото по оброкот, но во најголем дел од случаите ова е нормален физиолошки процес.

Ран почеток на здрав живот: зошто е важен скринингот кај новородените?

Раѓањето на детето е еден од најважните моменти во животот на секое семејство. Покрај грижата за растот и развојот на новороденчето, од клучно значење е и навременото откривање на одредени здравствени состојби кои не се видливи при раѓање.

Што да направите ако вашето бебе има наслаги (лушпи) на кожата на главата?

Дали има простор за загриженост ако на кожата на главата на новороденчето се појават наслојки во форма на лушпи? За каква состојба станува збор, зошто се јавуваат и во кои случаи да се побара лекарска помош.

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!