Предвремено родени бебиња – големи предизвици за малите херои!
Предвремено родени бебиња, познати како прематурчиња, се бебињата родени пред 38. гестациска недела.

Статистичките податоци на СЗО и на УНИЦЕФ покажуваат дека едно од десет живородени деца се раѓаат предвреме, односно пред 37. недела. Ако пред 3 деценции тие имаа многу мали шанси да преживеат, со напредокот на медицината повеќето од овие деца се развиваат како и нивните врсници. За најчестите прашања што си ги поставуваат родителите и блиските на предвремено родените бебиња, стручни и корисни информации за Мама не си сама споделува д-р мед. науки Снежана Палчевска-Коцевска, специјалист педијатар неонатолог во клиничката болница „Аџибадем систина“.
Многу родители не се подготвени за предвремено породување. И тогаш наместо да се радуваат на здравиот плач на бебето кое им ја исполнува куќата, најмногу ги загрижува дали нивното дете еден ден ќе ги стигне своите врсници кои се родени навреме. Но, и покрај проблемите на самиот почеток, повеќето мали бебиња успеваат да пораснат во здрави деца. Единствено е што нивното одгледување бара повеќе труд, умешност и трпение од родителите, а, пред сѐ, добивање одредени вештини поврзани со грижата и со исхраната на децата со мала тежина, вели неонатологот.
Факти за предвремено родените бебиња
Прематурус (предвремено) е новороденче родено прерано. Бременоста трае од 37 до 40 недели, така што предвременоста се дефинира како раѓање бебе во кое било време пред 37. недела од бременоста, објаснува д-р Палчевска-Коцевска. Колку порано се раѓаат бебињата толку е поголема веројатноста за компликации за време на раѓањето или по него. Бебињата родени пред 23. недела од бременоста, веројатно, нема да преживеат. Бидејќи предвременото бебе имало помалку време да расте во утробата, неговите органи не се целосно развиени. Предвремено родените бебиња може да имаат проблеми со дишењето и со хранењето и имаат поголема веројатност да развијат инфекции. Повеќето предвремено родени бебиња по 28. гестациска недела од бременоста немаат долгорочни проблеми. Предвремено родените бебиња кои се родени многу порано имаат поголеми шанси за долгорочни здравствени проблеми како што се церебрална парализа, проблеми со слухот или пречки во учењето. Предвремено родените бебиња кои се родени многу порано често се ставаат во инкубатор за да им се одржи телесната температура. Поради тешкотии со дишењето тие често се механички вентилирани, а поради тешкотии со хранењето често се хранат преку сонда. Предвремено родените бебиња остануваат во болница сѐ додека не добијат доволно тежина, не почнат нормално да јадат и не одржуваат нормална телесна температура во креветчето, вели неонатологот.

Кои се карактеристиките на предвремено родените бебиња?
Многу од физичките карактеристики кај бебето се загрижувачки за родителите. Но најголем број од нив се нормални физиолошки карактеристики за предвремено родено бебе, категоричен е неонатологот Палчевска-Коцевска и набројува кои се тие:
Предвремено родените бебиња често:
Предвремено родени бебиња, познати како прематурчиња, се бебињата родени пред 38. гестациска недела.
Кога доенчето ќе наврши 4 месеци, може да се започне со воведување еден оброк наместо еден подој или млечен оброк.
Во некои случаи, особено кај многу мали деца, ротавирусната инфекција може да доведе до потреба од болничко лекување поради сериозна дехидрација.