Што треба да знаете за предвремено родените деца?
Многу родители не се подготвени за предвремено породување. И тогаш наместо да се радуваат на здравиот плач на бебето кое им ја исполнува куќата
Во повеќето случаи не постои јасна причина зошто детето е родено предвреме, вели д-р Палчевска-Коцевска и додава дека шансите мајката да се породи предвреме се поголеми ако:
Какви компликации може да се појават кај предвремено родените бебиња?
Предвремено родените деца можат да развијат различни компликации поради нецелосниот развој на сите органи. Колку порано се раѓаат толку е поголема веројатноста за појава на компликации, вели д-р Снежана Палчевска-Коцевска, педијатар неонатолог во клиничката болница „Аџибадем систина“ и ги набројува почестите компликации кај предвремено родените деца:
Компликациите може да се надминат по некое време. Но, сепак, предвремено родено бебе кое имало потешки компликации може да развие долготрајни проблеми со дишењето, видот и со психомоторниот развој, посочува педијатарот.
Како ги третираат лекарите предвремено родените бебиња?
Грижата за децата кои се родени предвреме се врши во посебни одделенија во рамките на здравствените установи, наречени неонатална интензивна нега. Најчесто, предвремено роденото бебе се става во инкубатор за да се обезбеди нормална телесна температура, објаснува неонатологот.
Како може да се спречи предвременото породување?
Неонатологот Палчевска-Коцевска за Мама не си сама споделува неколку совети како можете да ја намалите веројатноста за предвремено раѓање:
Што ако се појават симптоми за предвремено раѓање и какви се прогнозите?
Ако се појават симптоми за предвремено раѓање, лекарите може да препишат лекови со кои ќе се обидат да го забават или да го запрат предвременото раѓање, а притоа и да го подготват плодот подобро да стартува во новата средина. Тоа се таканаречени кортикостероиди, кои им помагаат на белите дробови на бебето да се развиваат побргу. Затоа овој третман се нарекува зреење, објаснува д-р Палчевска-Коцевска.
Многу родители не се подготвени за предвремено породување. И тогаш наместо да се радуваат на здравиот плач на бебето кое им ја исполнува куќата
Секое умерено движење на бебето е добро за неговиот развој.
Воспаление на кожата со црвенило во пределот покриен со пелени се јавува речиси кај секое бебе, дури и при најдобра хигиена и нега.