Болки во стомакот кај детето – кога е потребно ехо?
Ехотомографскиот (ултразвучен) преглед на абдоменот и на малата карлица е една од најчесто користените дијагностички методи кај децата.
Сведоци сме дека денешните деца уште од раѓање се со паметни телефони или со таблети во рацете. Не говорат на македонски јазик, туку се изразуваат со англиски зборови. Но дали познавањето на англискиот јазик на толку мала возраст е препорачливо и корисно ако детето не комуницира со најблиските на мајчиниот јазик и ако јазикот не го користи целесообразно, туку механички, како ехолалија (ги повторува зборовите кои ќе ги каже некој друг, а песничките ги кажува без разбирање). Оттука се поставуваат прашањата дали е потребен англискиот јазик на таа рана возраст, за што му користи на детето ако не знае самостојно да јаде или да се изрази за своите потреби и за што му користат овие вештини.
Kако оваа навика влијае врз говорот, но и врз психофизичкиот развој на детето и какви сѐ проблеми може да предизвика екранизмот за „Мама не си сама“ посочува д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист психијатар во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. Таа потенцира дека во детската психијатриска пракса сѐ почесто се употребува терминот „екранизам“ или „дигитален аутизам“.
Според психијатарот Дамјановиќ, бебињата, како и децата до тригодишна возраст светот околу себе најдобро го спознаваат низ сензомоторичките активности. Потребно е истражување на околината преку сетилните органи за да се створат врски во мозокот кои ќе му овозможат на детето да учи и да живее правилно.
Во првите три години мозокот најбргу расте бидејќи ова е период кога е најприемчив за позитивните стимулации, а најранлив за сите негативни влијанија. Паметните телефони, телевизијата и таблетите во овој период се пречка за развојот на детето бидејќи ги исклучуваат интеракциите со родителите и со неговите врсници и ги заменуваат играта и истражувањата. Според новите истражувања, преголемото седењето пред екраните ја менува структурата на детскиот мозок на негативен начин. Според снимките од МРИ (магнетна резонанца), има редуктивни промени на белата маса во предниот дел на мозокот, што е поврзано со пониската вербална интелигенција. Изложеноста на екраните од страна на бебињата и на децата до тригодишна возраст се поврзува со забавениот развој на говорот, како и со тешкотиите при спиењето, промените во однесувањето налик на аутистичниот спектар, со тешкотиите при социјалното приспособување, тешкотиите при усвојувањето нови знаења и со падот на академското ниво во натамошното образование, вели д-р Дамјановиќ.

Како можат родителите да ги намалат штетите?
Психијатарот Љубинка Дамјановиќ сподели неколку совети за родителите за тоа како да ги намалат штетите кај своите деца од прекумерната изложеност на екрани:
Ехотомографскиот (ултразвучен) преглед на абдоменот и на малата карлица е една од најчесто користените дијагностички методи кај децата.
Покачената телесна температура кај децата често ги загрижува родителите, но, според лекарите, таа, во најголем дел од случаите, е природна и корисна реакција на организмот.
Статистички се смета дека децата стануваат зрели и способни да ги контролираат своите физиолошки потреби меѓу 18 и 24 месеци.