На која возраст детето треба да се одвикне од пелени?

Одвикнувањето од пелени и воведувањето нокшир кај децата е состојба преку која децата покажуваат одреден степен на независност. Созревањето и создавањето независноста кај секое дете е различна и зависи од индивидуалното созревање на одредени способности. Затоа е нормално децата во различни периоди од животот да бидат различно подготвени за една ваква голема и важна работа како што е одвикнувањето од пелени. Родителите се тука за да бидат пример, да му дадат на детето разбирање и поддршка и да ги пофалат напорите на детето, дури и кога детето не ги контролира целосно своите потреби, објаснува за „Мама не си сама“ педијатарот Елена Манолева - Николовска.

  • Одвикнувањето од пелени настанува тогаш кога детето ќе достигне одредена зрелост, која е неопходна во процесот на развивање контрола врз мочниот меур и врз дебелото црево. Статистички се смета дека децата стануваат зрели и способни да ги контролираат своите физиолошки потреби меѓу 18 и 24 месеци. Но кај голем број од децата целосна контрола над сфинктерите (мускули кои ги затвораат излезите на дебелото црево) настанува во периодот меѓу третата и четвртата година. Контролата побргу се стекнува кај девојчињата отколку кај момчињата, вели м-р д-р Елена Манолева - Николовска, специјалист педијатар.

 

Во процесот на одвикнување од пелени важни се сигналите од децата!

Во текот на процесот на одвикнување од пелени понекогаш се случува родителите да ги пропуштат сигналите што им ги испраќа детето, како што се интересот за тоалет или за нокшир, покажувањето непријатност при ставањето пелена итн. Ако родителите не го забележат овој момент и го пропуштат, може да се случи детето да почне да се навикнува да има пелена и да продолжи да се празни во пелените, вели д-р Манолева-Николовска. Според неа, во такви ситуации важно е родителите да бидат трпеливи и со разбирање бидејќи ќе им биде потребен поголем труд за да го научат детето на новата правилна навика. На крајот на краиштата, секое дете одредува кога е подготвено да се одвикне од пелени. Најважно е родителите и најблиската околина околу детето да му дадат разбирање и поддршка, да ги пофалат неговите напори, а со тоа да ја зголемат самодовербата на детето, советува педијатарот Елена Манолева - Николовска

Од симптоми до лекување – што треба да знаете за долнореспираторните инфекции кај децата?

Главен симптом на инфекцијата на долниот респираторен тракт е кашлицата, која може да биде напорна како за детето така и за родителите, потенцира педијатарот и ги наведува и другите симптоми.

Скршеници кај децата: од игралиште до лекување!

Скршеницата или фрактурата претставува прекин на континуитетот на коската. Кај децата скршениците се едни од најчестите повреди, особено затоа што се тие активни, трчаат, скокаат, возат велосипед и тротинет, а понекогаш и паѓаат.

Топлотен удар или сончаница – како да ги препознаете кај вашето дете

Сончаницата и топлотниот удар се сериозни состојби кои во лето можат да се појават многу бргу, особено кај децата. Иако понекогаш звучат слично, тие се различни според начинот на настанување, симптомите и третманот.

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!