Кои се најчестите компликации од воспаление на синусите кај децата?
Оваа состојба најчесто се јавува во зимските месеци или при температурни разлики и не треба да се игнорира честото и долготрајно течење на носот кај детето.
За тоа кога родителите треба да се посомневаат во уринарна инфекција кај децата, на кои симптоми според возраста треба да обрнат внимание, кога да го одведат детето на педијатар, како се откриваат и како се третираат овие инфекции за „Мама не си сама“ објаснува доц. д-р Надица Ристоска-Бојковска, детски нефролог во клиничката болница „Аџибадем систина“.
Во детската возраст симптомите на уринарна инфекција зависат од јачината на инфекцијата и од возраста на пациентот. Кај акутната инфекција на бубрезите често единствен симптом е високата температура со треска. Лумбална болка (болка во грбот) е присутна кај поголемите деца, кои може да ја искажат (над 4-5-годишна возраст).
Децата со акутна уринарна инфекција (инфекција на мочниот меур) имаат дизурични тегоби (односно чести мокрења на 5 до 10 мин., болни мокрења, пецкање при мокрењето, крв во урината), но без појава на покачена температура.
Во текот на првиот месец од животот симптомите на уринарна инфекција се неспецифични. Кај новороденото се јавуваат и лесно покачена температура, но и други симптоми, како на пример вознемиреност, грчеви, плачливост и помала желба за внесување млеко, кои може да се знак за почеток на уринарна инфекција, вели докторката.
Какви испитувања се потребни за да се утврди уринарна инфекција?
Според детскиот нефролог д-р Ристоска-Бојковска, прво треба да се утврдат факторите кои доведуваат до инфекција и до оштетување на бубрегот: вродени или стекнати маани на уринарниот тракт, камчиња, везикоуретерален рефлукс (враќање на урината од мочниот меур во бубрезите).
Потоа е потребно утврдување на евентуалните промени на бубрезите, што може да биде знак за прогресивно создавање бубрежни лузни.
Се прават и испитувања за одредување на растот на бубрегот, што може да биде многу значајно при исходот и ефектот од третманот, посочува докторката и додава дека радиолошката евалуација на децата со уринарна инфекција вклучува комбинација од ехопреглед на бубрезите, уретерот и на мочниот меур, цистографија (це-ВУС), магнетна урографија (МР) и радиоизотопски иследувања (ДРЦГ, ДМСА – скен на бубрези).

Како се лекуваат уринарните инфекции?
Доктор Ристоска-Бојковска потенцира дека најпрвин е потребна брза и точна дијагноза, потоа избор на вистинскиот антибиотик, според антибиограмот на добиениот резултат од уринокултурата (на пр., цефалоспорин, нитрофурантоин, гентамицин, амикацин) и определување на временскиот период на лекување на уринарните инфекции.
Оваа состојба најчесто се јавува во зимските месеци или при температурни разлики и не треба да се игнорира честото и долготрајно течење на носот кај детето.
Кај децата сонот е неопходен исто колку и кај возрасните. Сонот за децата не е само одмор, туку спиењето е време кога нивното тело расте, мозокот се развива, а организмот се обновува.
Доаѓањето на нов член во семејството е проследено со радост, возбуда, среќа, но и со предизвик, неизвесност и со загриженост како ќе го прифати бебето поголемото дете.