Зошто се важни редовните систематски прегледи кај децата од најмала возраст?
Една од клучните обврски што ги имаме како родители е да се погрижиме децата да имаат правилен раст и развој пред да тргнат на училиште.
Масажата на бебињата дава голем број физиолошки, развојни и емоционални придобивки, како што се намалување на стресот, подобрување на циркулацијата, зајакнување на имунитетот; придонесува и за развој на мозокот, а се подобруваат и моторните вештини и спиењето. Исто така, врз бебето има релаксирачки и смирувачки ефект – тоа чувствува приврзаност со родителите, а, пред сѐ, сигурност. За „Мама не си сама“ придобивките подетално ги објаснува м-р Дијана Мариновска, физиотерапевт во клиничката болница „Аџибадем систина“.
Кога го масирате, треба да му зборувате на бебето
Според физиотерапевтот Мариновска, кај бебињата допирот преку масажа прави сензомоторна стимулација, па бебињата ја учат сликата за своето тело преку дразнење на нервните завршоци на кожата.
Масажата го развива мозочето на бебето
Физиотерапевтот Мариновска за „Мама не си сама“ објаснува дека со масажата се подобрува и исхраната на мускулите преку крвотокот, а нивната подобрена контракција и релаксација го охрабрува бебето да се движи и да се чувствува убаво, но и да учи нови работи со самодоверба, затоа што од масажата движењата стануваат полесни за извршување и со поголем обем во зглобовите.
Кога да го масирате бебето?
Бебињата спијат често, особено во првите месеци, па родителите често се чудат кога би имало време за масажа, но во еден активен период од денот, кога бебето не спие, тие ќе ги искусат сите придобиви од масажата. Со помош на движењето и учењето тоа веќе е изморено, па затоа повеќе ќе јаде и подобро ќе спие, советува физиотерапевтот.

Консултирајте се со стручно лице
Физиотерапевтот ги советува родителите пред да почнат со масажа на бебето да се консултираат со стручно лице.
Една од клучните обврски што ги имаме како родители е да се погрижиме децата да имаат правилен раст и развој пред да тргнат на училиште.
Регургитацијата, или популарно наречена блуцкање, е честа појава кај доенчињата. Многу родители се загрижуваат кога ќе забележат дека нивното бебе го враќа млекото по оброкот, но во најголем дел од случаите ова е нормален физиолошки процес.
Неонаталната жолтица е честа појава кај новороденчињата, а се манифестира со жолтеникава боја на кожата и на белките на очите.