Стилови на родителство
Родителството е комплицирана и многу благородна улога, а во исто време одговорна и пожртвувана.

Секое дете на предучилишна возраст додека расте и по неколкупати се соочува со инфекција предизвикана од некои вируси, бактерии или други микроорганизми. Голем дел од децата инфекциите ги поминуваат лесно, но кај некои тие можат да предизвикаат и посериозни компликации и децата да завршат во болница.
Покрај респираторниот систем, втор систем по зафатеност со вирусни инфекции е гастроинтестиналниот систем.
Најчести вирусни инфекции се гастроентероколитисот, предизвикан од ротавирусот, како и инфекциите предизвикани од аденовирусот, ентеровирусот, риновирусот и од многу поретко инфекции од бактериски предизвикувачи. Значајно е да се потенцира дека инфекциите на респираторниот систем кај децата многу често може да бидат проследени со клинички знаци и симптоми и од гастроинтестиналниот систем, што е особено значајно за педијатрите во диференцирањето на етиологијата на болеста и во натамошниот третман кај децата, вели д-р Елена Манолева-Николовска, педијатар.
Таа за „Мама не си сама“ ги набројува и другите вирусни инфекции кои се чести кај децата.
Други значајни вирусни инфекции во детската возраст се инфекциите со Coxsackie virus, кој ја предизвикува Болеста на рацете, стапалата и на устата (Hand, foot and mouth disease). Болеста се јавува сезонски, се шири бргу и за краток временски интервал може да предизвика зафаќање на поголема група на деца кои се сместени во колективи, како што се градинките, дневните престои или училиштата. Во оваа група на вирусни инфекции, кои се пренесуваат бргу и лесно и кои се шират во колективи, спаѓа и варичелата. Се работи за вирусна инфекција предизвикана од Varicella-zoster virus. За разлика од возрасните, кои тешко ја прележуваат болеста, децата ја прележуваат лесно и без поголеми компликации. Позната вирусна инфекција во детскиот период претставува и инфективната мононуклеоза, која иако се смета за болест на тинејџерите, релативно е честа и кај децата во првите пет години и е голем предизвикувач на оток на лимфните жлезди на вратот кај децата, вели за „Мама не си сама“ педијатарот Манолева - Николовска и додава дека како поретки вирусни инфекции во детската возраст се инфекциите предизвикани од вирусот на Hepatit А и на Hepatit

Родителството е комплицирана и многу благородна улога, а во исто време одговорна и пожртвувана.
Едно од најчестите прашања што си го поставуваат родителите е дали нивното дете расте и се развива нормално во согласност со својата возраст.
Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.