Што треба да знаете за вродените аномалии на бубрезите и на уринарниот тракт?
Пациентите со вродена мана на уринарниот тракт треба да се информирани за ризикот од уринарна инфекција и за важноста на профилаксата.
Ноќното мокрење, познато и како енуреза, е чест проблем во детската возраст и претставува причина за загриженост кај многу родители. Иако често се доживува како нешто срамно или невообичаено, во најголем број случаи станува збор за нормална фаза во развојот на детето. Со правилни информации, трпение и поддршка овој проблем може успешно да се надмине. За тоа зошто многу деца имаат проблем со ноќното мокрење и како да им помогнете „Мама не си сама“ побара одговори од д-р Наташа Симоновска, специјалист по семејна медицина во ПЗУ „Д-р Наташа Симоновска“.
Ноќното мокрење се карактеризира со неволно испуштање урина во текот на спиењето. Целосната контрола врз мокрењето се развива на возраст од 5 до 6 години. Всушност, едно од пет деца на предучилишна возраст и околу 5 % од децата на 10-годишна возраст ги навлажнуваат своите кревети во текот на ноќта – вели докторката.
Кои се причините за ноќно мокрење?
Според д-р Симоновска, најголеми причини се: генетските фактори, цврстиот сон, зголеменото создавање урина во текот на сонот и релативно малиот капацитет на мочниот меур. Доколку двајцата родители имале проблем со ноќно мокрење, веројатноста нивните деца да го имаат истото е дури 75 %. Неретко причината за ноќното мокрење е од емоционален карактер – преголем стрес кој е резултат на настани како што се развод на родителите, загуба на блиска личност, преселување во нов дом, започнување на училиште, ново братче или сестриче. Сето ова може да предизвика неконтролирано мокрење во текот на ноќта – објаснува таа.
Како можете да му помогнете на детето?
Доктор Симоновска потенцира дека најлоша тактика за справување со проблемот е казнување на детето по ноќниот инцидент. Викањето, засилувањето на чувството на срам и казнувањето можат само да го влошат проблемот. При појава на ноќно мокрење вo кревет задача на секој родител е да покаже смиреност и трпение. Таа за „Мама не си сама“ споделува и неколку корисни совети како да му помогнете на детето побргу да го надмине проблемот:

Кога е потребно да се побара лекарска помош?
Консултација со лекар или со детски нефролог се препорачува ако:
За да се надмине проблемот, важна е поддршката од семејството
Семејната поддршка е клучна во вакви ситуации. Детето треба да се чувствува сигурно и разбрано. Отворениот разговор и позитивниот пристап значително го намалуваат стресот и го олеснуваат решавањето на проблемот, бидејќи ноќното мокрење во детската возраст е чест, но минлив проблем. Со правилни информации, трпение и со соодветна стручна помош кога е потребно децата успешно ја надминуваат оваа фаза и продолжуваат да се развиваат здраво и самоуверено.
Пациентите со вродена мана на уринарниот тракт треба да се информирани за ризикот од уринарна инфекција и за важноста на профилаксата.
Луѓето се раѓаат со четири основни чувства: радост, лутина, страв и тага. Потоа од нив произлегуваат другите чувства, меѓу кои се љубовта, изненаденоста, довербата, исчекувањето...
Кај децата сонот е неопходен исто колку и кај возрасните. Сонот за децата не е само одмор, туку спиењето е време кога нивното тело расте, мозокот се развива, а организмот се обновува.