Детето ви е бледо и уморно – дали станува збор за анемија
При анемија страдаат сите органи поради недостиг на кислород. Се јавуваат општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит и вртоглавица.
Уринарните инфекции се најчестото заболување на уринарниот тракт, а истовремено и една од најчестите инфекции кај децата, посочува за „Мама не си сама“ детскиот нефролог доц. д-р Надица Ристоска-Бојковска од клиничката болница „Аџибадем систина“.
- нецелосно празнење на мочниот меур, што овозможува бактериите да се задржат и да се размножат;
- вродени аномалии на бубрезите или на уринарниот тракт, кои се чести кај доенчињата и кај малите деца;
- опстипација (запек) и слабо внесување течности, што може да го зголеми ризикот од инфекција;
- нарушување на хигиенските мерки, како што е неправилното бришење по дефекација;
- настинка и стрес, кои можат да ја намалат имунолошката одбрана.
Симптоми на уринарните инфекции
Според детскиот нефролог, симптомите варираат во зависност од возраста на детето и од јачината на инфекцијата.
Како се поделени уринарните инфекции?
Доктор Надица Ристоска-Бојковска за „Мама не си сама“ објаснува дека уринарните инфекции се делат според:
Зачестеноста зависи од возраста и од полот на детето, потенцира д-р Ристоска-Бојковска.
Уроинфекциите се најчесто асцендентни (бактериите се качуваат од мочниот меур кон бубрезите). Бактериите од цревната флора вршат колонизација (ги препокриваат) надворешните делови од гениталниот и од уринарниот тракт (уретрално устие), по што следува нивно проширување во уретрата, мочниот меур, мочоводните канали и во бубрезите, објаснува детскиот нефролог.

Која е најдобрата заштита од уринарни инфекции?
Најважна заштита од уринарни инфекции е нормалната уродинамика (нормално поминување на урината низ уринарниот тракт), потенцира д-р Ристоска-Бојковска.
При анемија страдаат сите органи поради недостиг на кислород. Се јавуваат општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит и вртоглавица.
Статистички се смета дека децата стануваат зрели и способни да ги контролираат своите физиолошки потреби меѓу 18 и 24 месеци.
Физичката активност и надворешните активности им помагаат за подобар физички, психички, емоционален и когнитивен развој, но, пред сѐ, се важни за нивното здравје.