Зошто многу деца страдаат од воспаление на синусите?

Воспаление на синусите кај децата или стручно наречено синузитис не е безопасна болест ниту обична настинка, а родителите треба да бидат добро информирани за навреме да побараат лекарска помош, посочуваат лекарите. Оваа состојба најчесто се јавува во зимските месеци или при температурни разлики и не треба да се игнорира честото и долготрајно течење на носот кај детето. 
Доколку детето нема развиено добар имунитет или доколку е слабокрвно, одредени вируси и бактерии кои се наоѓаат на слузницата на носот или на грлото предизвикуваат воспаление на слузницата на синусите, а со тоа предизвикуваат и сериозни здравствени компликации кај детето. 
Воспалението на синусите ретко се јавува како основна болест и најчесто е поврзано со претходна настинка, алергиски ринит, полипи во носот и со искривена носна преграда, како и поради чести горнореспираторни инфекции предизвикани од вируси или од бактерии.

Во разговор за „Мама не си сама“ доктор Веселинка Митровска-Јосифова објаснува која е функцијата на синусите и како доаѓа до воспалението.
  • Синусите преку своите отвори се дренираат во носната шуплина. Доколку настане блокада на овие отвори, доаѓа до зголемување на количеството на секрет во синусните шуплини и се зголемува притисокот, што доведува до појава на болка во зафатениот синус, а честопати се јавува и бактериска инфекција, која ја потенцира клиничката слика, вели д-р Митровска - Јосифова. 
Во зависност од тоа кај кој синус се случува воспалението, постојат следниве видови синузитиси:
  • максиларни/вилични – болка под очите, болки во забалото, главоболка;
  • фронтални/челни – болка во челото и над очите;
  • етмоидални – болка помеѓу очите и на коренот на носот;
  • сфеноидални – болка во задниот или во средишниот дел на главата.
Другата поделба, како што вели доктор Веселинка Митровска - Јосифова, е според времетраењето на симптомите, па оттука постојат:
 
  • акутни – симптомите на овој тип на инфекција траат помалку од 12 недели и се подобруваат со правилен третман;
  • хронични – симптомите траат подолго од 12 недели;
  • повторливи – ова значи дека инфекцијата се враќа повторно и повторно, а тоа значи 3 или повеќе епизоди на акутен синузитис во една година.

 

На кои симптоми да се обрне внимание?

За „Мама не си сама“ доктор Веселинка Митровска - Јосифова посочува на кои симптоми кај детето родителите треба да обрнат внимание и од кои вируси и бактерии најчесто е предизвикано воспалението на синусите.
- Симптоми на акутен вирусен синузитис (акутно воспаление на синусите) се: отежнато дишење низ носот, зголемена вообичаено бистра секреција од носот, постназално слевање на секрет низ фаринксот (голтникот) и покачена телесна температура. Најчести причини за акутно воспаление на синусите од вирусна етиологија се: риновирусите, вирусите на грип и на параинфлуенца, аденовирусите и респираторниот синцицијален вирус, објаснува д-р Веселинка Митровска - Јосифова.  

Според неа, кај бактерискиот синузитис постои отежнато дишење преку носот, со зголемена гнојна секреција (секретот е густ со жолта или со зелена боја), со интензивна болка во пределот на синусите и на целата глава, со кашлица особено изразена во текот на ноќта и со покачена телесна температура, често над 38. Најчести причини за акутна синусна инфекција со бактериска етиологија се Streptococcus pneumonae, Haemophilusinfluenzae, Moraxella catarrhalis и Staphylococcus aureus, вели д-р Веселинка.

 

 

Исхраната е многу важна за когнитивниот развој на детето

Масните киселини омега 3 се есенцијални масни киселини и се неопходни за раст и развој на многу системи на органи, особено на нервниот и на кардиоваскуларниот систем.

Како да препознаете знаци на доцнење во развојот кај децата?

Идентификацијата на децата кои имааат тешкотии со учењето, како и доцнење во развојот е значајна и за родителите и за старателите

Што треба да има во вашата патна аптека кога одите на летување со дете?

Одморот со дете може да биде прекрасно искуство ако сте добро подготвени. Со правилно спакувани лекови, консултација со стручно лице и со заштита од сонце ќе имате помалку грижи, а повеќе уживање

Мама знаеш дека не си сама, контактирај не!