Совети од педијатар за варичела во детската возраст
Варичела, позната кај народот и како овчи сипаници, претставува болест која е предизвикана од вирусот варичела зостер (херпес-вируси).
Салмонелата е бактерија која предизвикува инфекција на цревата позната како салмонелоза, која често се дијагностицира кај децата, особено во топлите месеци. Оваа бактерија е една од најчестите причини за труење со храна кај децата, но и кај возрасните. Болеста е многу сериозна, па затоа е пожелно да сe лекувa веднаш по појавата на првите симптоми, предупредува м-р д-р Александра Андреевска, специјалист по семејна медицина.
Како се заразуваат децата со салмонела?
Според докторката најчести причини за зараза се:
Колку трае инкубацискиот период?
Без оглед на тоа како се пренесува салмонелата, болеста почнува да напредува 6 – 72 часа. Периодот на инкубација на болеста (времето од контактот со бактеријата до појавата на симптомите) е од неколку часа до 3 дена. Нејзиното времетраење зависи од здравјето и од силата на имунолошкиот систем на детето, појаснува д-р Андреевска.

Кои се симптомите на салмонела кај децата?
Според специјалистот по семејна медицина, постојат две варијанти на текот на болеста: салмонелозата кај децата може да биде гастроинтестинална или генерализирана.
Дете заразено со гастроинтестиналната форма чувствува болка во горниот дел на стомакот и околу папокот. Покрај тоа, постојат симптоми како што се:
Вообичаено, симптомите траат од 4 до 7 дена. Ако траат подолго или ако се влошуваат, потребна е лекарска помош.
Важна компонента при дијагнозата на салмонела во телото на детето е тестот на крвта. Оваа анализа е задолжителна, дури и ако копрокултурата не ја потврди салмонелозата, советува докторката.
Како се третира салмонелата кај децата?
Најважно е да се спречи дехидрација, советува докторката.
Според д-р Андреевска, најефикасна е комплексната терапија. Пред да се лекува салмонелозата кај детето, неопходно е да се потврди дијагнозата. Секој пациент има потреба од диета.
Како треба да се хранат децата кои имаат салмонела?
Специјалистот по семејна медицина за „Мама не си сама“ објаснува дека здравата и правилна исхрана е важен дел од терапијата. Целите на исхраната се нормализација на дигестивниот процес, олеснување на лигавицата и елиминација на воспалението во гастроинтестиналниот тракт. Веднаш по инфекцијата се препорачува да се даде о. р. с. раствoр во вода и само топол, малку засладен чај со средна јачина. За децата под една година во овој период е дозволена само водата.
Кога состојбата на малиот пациент малку се подобрува, во неговата исхрана може да се внесе храна која содржи минимална количина на масти и на јаглени хидрати. Нахранете го вашето дете 5-6 пати на ден во помали количини.
Храната треба да биде:
Избегнувајте:
Храната се воведува постепено, во мали порции, не насила, посочува д-р Андреевска и додава дека иако салмонелата е честа, со добра нега и внимание најчесто поминува без компликации. Клучот е во хидратацијата, лесната исхрана и во добрата хигиена. Со мала внимателност родителите можат да спречат инфекција и да го заштитат детето од непријатни симптоми. Доколку симптомите траат подолго од 7 дена или доколку се влошуваат, задолжително консултирајте се со лекар.
Варичела, позната кај народот и како овчи сипаници, претставува болест која е предизвикана од вирусот варичела зостер (херпес-вируси).
Првиот училишен ден е посебен момент и значајна пресвртница во животот на секое дете. Тоа е првиот чекор во светот на учењето, новите другарства, обврските, прифаќањето одговорности и приспособувањето на нова средина.
Најчестата бактерија во грлото од која детето треба да се лекува е стрептококус пиогенес.