Салмонела кај децата: како да ја препознаете и како да го заштитите вашето дете
Салмонелата е бактерија која предизвикува инфекција на цревата позната како салмонелоза, која често се дијагностицира кај децата, особено во топлите месеци.

Секое дете на предучилишна возраст додека расте и по неколкупати се соочува со инфекција предизвикана од некои вируси, бактерии или други микроорганизми. Голем дел од децата инфекциите ги поминуваат лесно, но кај некои тие можат да предизвикаат и посериозни компликации и децата да завршат во болница.
За „Мама не си сама“ педијатарот Елена Манолева-Николовска објаснува дека инфективните заболувања се најчестите заболувања кај децата и дека се причина за најголемиот број посети на амбулантите и на болниците. Причинители на овие заболувања може да се вирусите, бактериите, габите, протозоите и паразитите. Од сите причинители најчести се вирусните инфекции, кои предизвикуваат 80-90 % од инфекциите во детската возраст. По нив според зачестеноста најбројни се бактериските инфекции, а многу поретки се инфекциите со другите видови микроорганизми.
Најчести симптоми на респираторните вирусни инфекции кај децата се течењето на носот, болката во грлото, кашлањето, кивањето, покачената телесна температура, малаксаноста, намалениот апетит, црвените и солзни очи, осипот на кожата...
Салмонелата е бактерија која предизвикува инфекција на цревата позната како салмонелоза, која често се дијагностицира кај децата, особено во топлите месеци.
Варичела, позната кај народот и како овчи сипаници, претставува болест која е предизвикана од вирусот варичела зостер (херпес-вируси).
Пред тргнувањето во градинка детето треба да има приближно ист ритам на спиење како тој во градинка, а истиот совет важи и за усогласувањето на ритамот на оброците во домот и на тие во градинка.